Достапни линкови

Шекеринска на брифинг со амбасадорите на земјите од НАТО


Архивска фотографија-Министерката за одбрана Радмила Шекеринска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ги запозна амбасадорите на земјите-членки на НАТО во Македонија со напредокот во изработката на клучниот стратешки документ во одбраната, Стратегискиот одбранбен преглед.

„Нашата цел е да имаме мала, модерна и флексибилна Армија која ќе го има своето место во НАТО“, рече Шекеринска на средбата.

Taa изрази благодарност за поддршката до владите на Соединетите Американски Држави и Велика Британија кои испратиле советници кои помогнле во изработката на Стратегискиот одбранбен преглед, како и на НАТО канцеларијата во Скопје и на другите земји членки кои го дале својот придонес. Министерката го изразила и очекувањето на Владата за поддршка за Македонија на претстојниот Самит на НАТО.

Американскиот амбасадор Џес Бејли рече дека може да посведочи за вредната работа на компетентни лица од министерството и Армијата, во соработка со американските и британските експерти. Британскиот амбасадор Чарлс Гарет, пак, рече дека реформите во одбраната се важни не само за Македонија и регионот туку и за колективната безбедност. Последниот Стратегиски одбранбен преглед беше донесен пред 14 години.

XS
SM
MD
LG