Достапни линкови

СЈО бара конфискација на имот за дел обвинети во „Титаник“


Архивска фотографија- поранешниот премиер Никола Груевски во судот на рочиште за предметот "Титаник"

Специјалното јавно обвинителство на денешното судење за предметот „Титаник“ побара на дел од обвинетите во случајот да им биде конфискуван имот. Обвинителката Лиле Стефанова поднесе предлог за конфискација на имот од обвинетите Никола Груевски, Мартин Протугер, Илија Димовски и Леко Ристовски во вредност од околу два милиони евра.

Таа додаде дека со сослушувањето и презентирањето на материјалните докази, ќе биде докажано дека обвинетите формирале злосторничко здружување пред изборите во периодот од 2011 до 2014 година за да обезбедат повеќе гласови за партијата. Стефанова нагласи и дека во постапката ќе се докажело дека Груевски и Протугер во 2011 година незаконски обезбедиле 520 илјади евра, кои обвинетиот Далибор Алешковиќ ги уплаќал на жиро сметка на партијата како донации од 529 лица, средства кои не биле напишани во налозите.

Груевски по рочиштето истакна дека не се чувствува виновен, бидејќи не сторил никакви кривични дела.

„Земајќи го предвид фактот дека основната кривична пријава е од СДСМ ова го чувствувам како политичка борба“, рече Груевски.

Процесот треба да продолжи на 21 мај.



XS
SM
MD
LG