Достапни линкови

Протести во Подгорица по нападот врз новинарката Лакиќ


Протестите во Подгорица

Стотина лица се собраа денеска во Подгорица во знак на протест поради вооружениот напад врз новинарката Оливера Лакиќ. Демонстрантите носеа транспаренти испишани со зборовите „Стоп за насилството“ и „За живот без страв“. Тие побараа од властите да го најдат одговорниот за нападот.

Лакиќ која работи во црногорскиот дневен весник „Вијести“ е вон животна опасност и е хоспитализирана со прострелна рана во потколеницата.

XS
SM
MD
LG