Достапни линкови

Србија не им дозволи влез на косовските каратисти во земјата


Знамињата ан Србија и на Косово

На косовските каратисти и на раководството од карате сојузот не им бил дозволен влез во Србија поради тоа што носеле обележја со симболи на нивната земја. Тие треба да учествуваат на Европското првенство во карате, кое се одржува во Нови Сад од 8 до 10 мај.

„Покрај тоа што сакаме да бидеме добри домаќини, спортистите од Косово нема да бидат дел од натпреварувањето“, соопштија српските власти.

Според соопштението, тие може да учествуваат во првенството само доколку каратистите не ги носат симболите на Косово. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека однесувањето на српските власти е неприфатливо и со тоа не придонесуваат за нормализација на односите меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG