Достапни линкови

Новиот премиер на Ерменија во посета на Нагорно Карабах


Ерменскиот премиер Никол Пашинијан

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан еден ден по неговиот избор на функцијата е во посета на Нагорно Карабах, регион во Азербејџан кој е под контрола на етничките ерменски сили. Ерменските лидери традиционално го посетуваат регионот на 9 мај, по повод одбележувањето на поразот врз нацистичка Германија во Втората Светска Војна, кој го слават многу поранешни советски земји.

Азербејџан и Ерменија не се во добри односи поради Нагорно Карабах. Сепаратистите поддржани од Ерменија ја преземаа контролата врз регионот за време на војната во раните деведесети при која загинаа 30 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG