Достапни линкови

Османи предупреди на ризиците од недобивање датум за преговори со ЕУ


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на традиционалниот „Појадок со ЕУ“ по повод Денот на Европа порача дека во случај Македонија да не добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ ризиците се многу, а земјите членки треба да го имаат предвид тоа кога ќе решаваат за иднината на земјата.

Според него, ризиците се однесуваат на иселување на младите, зголемување на евроскептицизмот, поделеност на населението по сите основи со што ќе се остави простор за ризик од тероризам, екстремизам и национализам. Османи порача дека не смее да се загуби историскиот момент кој сега го има Македонија, при што 2018 година е клучна за земјата.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар истакна дека земјата за една година успеала да постигне импресивни резултати во однос на реформите, но останува на Советот на ЕУ да ја донесе одлуката за датум за пристапни преговори.

Бугарскиот амбасадор Иван Петков во својство на претставник на земјата актуелен претседавач со Унијата, изрази надеж дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите.

XS
SM
MD
LG