Достапни линкови

Путин со критики до САД за време на парадата на Црвениот плоштад


Рускиот претседател Владимир Путин за време на неговиот говор на одбележување на „Денот на победата“

Рускиот претседател Владимир Путин упати критики кон САД за време на неговиот говор на парадата на Црвениот плоштад на „Денот на победата“ со која се одбележува годишнината од поразот на Германија во Втората Светска Војна. Според него, претензиите кон исклучителност биле фактор кој ја предводел нацистичката агресија, при што таквиот став останува закана за глобалната безбедност денес.

Тој порача и дека се паметат трагедиите од двете светски војни и лекциите од историја кои не треба да ги затворат очите на луѓето. Во позадината на новите закани, како што наведе Путин, се истите стари закани, егоизмот и нетолерантноста, како и агресивниот национализам и претензиите кон исклучителност.

Руските власти ги обвинуваат САД дека сакаат да доминираат со светот. Путин потенцира и дека Русија е отворена за дијалог за сите прашања кои се закана за глобалната безбедност и е подготвена за конструктивно партнерство со цел остварување на напредок во светот.

XS
SM
MD
LG