Достапни линкови

Трамп и Макрон разговараа за Блискиот Исток


Претседателот на САД, Доналд Трамп, и францускиот претседател Емануел Макрон,

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и францускиот претседател Емануел Макрон, денеска телефонски разговараа за прашањата поврзани со мирот и стабилноста на Блискиот Исток, соопшти Кабинетот на Макрон.

До разговорот доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп во текот на денот треба да објави дали Соединетите држави ќе останат во нуклеарната спогодба со Иран.

Како што јавуваат агенциите, Европски официјални претствници велат дека се очекува Трамп да објави дека се повлекува од нуклеарната спогодба со Иран.

Висок официјален претставник на Белата куќа денеска изјави дека Трамп планира со Макрон телефонски да разговара за неговата одлука за договорот со Иран.

XS
SM
MD
LG