Достапни линкови

Рускиот Парламент го одобри новиот мандат на Медведев


Рускиот премиер Дмитри Медведев

Рускиот Парламент го одобри новиот мандат на премиерот на земјата Димитриј Медведев, еден ден откако новоизбраниот шеф на државата Владимир Путин го номинираше на функцијата.

Путин, кој вчера беше инаугуриран за претседател веднаш по церемонијата ја поднесе номинацијата на Медведев во долниот дом на Парламентот. Партијата Обединета Русија го има мнозинство во државната Дума, а нејзин лидер е Медведев.

Според рускиот устав, владата е обврзана да поднесе оставка кога ќе започне нов претседателски мандат.

52-годишниот Медведев беше назначен на претседателската функција во 2008 година од Путин, кој достигна уставен лимит од два последователни мандати.

Путин потоа го замени местото со Медведев во 2012 година, враќајќи се на претседателската функција, додека неговиот лојален сојузник стана премиер.

Медведев беше шеф на кабинетот на Путин од 2003 до 2005 година и прв заменик премиер од 2005 до 2008 година.

XS
SM
MD
LG