Достапни линкови

Општи избори во БиХ на 7 октомври


Гласање. Избори

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина денеска донесе одлука за распишување избори за сите нивоа на власт на 7 октомври 2018 година. Ова го соопшти претседателката на Изборната комисија Ирена Хаџиабдиќ

" Тоа се директни избори, а ќе се избираат членови на Претседателството на БиХ, пратеници во Пратеничкиот дом на државниот парламент, пратеници во Пратеничкиот дом на Федерација БиХ и во Народното собрание на Република Српска, претседател и двајца потпретседатели на РС и одборници во собранијата на десет жупании во ФБиХ", изјави Хаџиабдиќ.

Според податоците на Изборната комисија, во БиХ се регистрирани околу 3,3 милиони избирачи, а проценката е дека изборите ќе чинат 8,5 милиони конвертибилни марки (околу 4,3 милиони евра). Дел од средствата ги обезбедија ОБСЕ и Советот на Европа.

На изборите во 2014 година за нешто повеќе од 500 изборни позиции се натпреваруваа 7.748 кандидати.

XS
SM
MD
LG