Достапни линкови

Путин му честита на Пашинијан и повика на добри односи со Ерменија


Никол Пашинијан, премиер на Ерменија

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин упатил честитки до новоизбраниот премиер на Ерменија, Никол Пашинијан. Путин изразил надеж дека Пашинијан како премиер ќе промовира силни, пријателски и сојузнички односи меѓу двете земји и партнерство во рамките на организациите во кои членуваат Ерменија и Русија.

Ерменскиот Парламент денеска го избра опозицискиот лидер и предводник на протестите Никол Пашинијан за премиер со 59 гласа за и 42 против.

XS
SM
MD
LG