Достапни линкови

Мицкоски го обвини Заев дека отуѓил земјиште во корист на неговиот брат


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска обвини дека премиерот Зоран Заев отуѓил државно градежно земјиште во Струмица кое на крајот, по повеќе постапки, завршило во рацете на неговиот брат Вице Заев. Според објавата на Мицкоски, преку Фејсбук, на аукција на 29 декември, 2014 година, земјиштето го добива Сашко Брндевски, како единствен понудувач, а општината подоцна издала одобрение за изградба на осум нови седумкатници. Земјиштето Брндевски го платил 700 илјади евра.

Брндевски, како што наведе Мицкоски, во истиот месец склучува договор за пренесување на право на градење на Тотал Инжињеринг во сопственост на Вице Заев. Како надоместок, Брндевски добил стан од 40 метри квадратни, информира Мицкоски.

„Ова отвора сомнеж дека бизнис партнерот на Заеви е само параванот, а потоа јасно се гледа дека зградите се градат токму од компанијата на братот на премиерот, Вице Заев“, рече Мицкоски.

Според него, личните заработки се бројот во милиони евра. Мицкоски го повика јавното обвинителство да ги испита наводите за случајот и посебно потеколото на парите за откуп на посоченото државно градежно земјиште.

XS
SM
MD
LG