Достапни линкови

Пашинијан избран за премиер на Ерменија


Никол Пашинијан во денешното обраќање во Парламентот

Ерменскиот Парламент го избра опозицискиот лидер и предводник на протестите Никол Пашинијан за премиер со 59 гласа за и 42 против. Лидерот на владејачката Републиканска партија, Вахрам Багдасаријан претходно изјави дека ќе обезбеди 11 гласови кои се доволни заедно со пратениците на опозицијата за да се избере Пашинијан на функцијата.

Назначувањето на Пашинијан доаѓа по протестите во земјата поради кои оставка од премиерската функција поднесе Серж Саркисјан кој беше долгогодишен претседател на земјата.

XS
SM
MD
LG