Достапни линкови

Цената на нафта на највисоко ниво додека се чека одлуката на Трамп за Иран


Нафтена платформа

Цената на нафтата го достигна највисокото ниво од ноември 2014 година додека инвеститорите ја чекаат одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп дали неговата земја ќе се повлече од нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили. Доколку САД се повлечат од договорот се очекува земјата повторно да ги воведе санкциите за нафтениот и банкарски сектор во Иран.

Иранското Министерство за нафта објави дека очекува да продолжи со транспорт и извоз на нафта, дури и ако САД се повлечат од договорот. Но, иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека земјата може да се соочи со проблеми доколку тоа се случи. Трамп треба денеска да ја соопшти одлуката.

XS
SM
MD
LG