Достапни линкови

Трамп ја брани својата кандидатка за ЦИА


Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на Џина Хаспел, која тој ја номинираше за директорка на Централната разузнавачка агенција (ЦИА). Според него, демократите не ја сакаат Хаспел поради нејзиниот „премногу остар став кон тероризмот“.

Трамп на Твитер напиша дека Хаспел е најквалификувана за директор на ЦИА. Претходно медиумите објавија дека Хаспел сакала да ја повлече кандидатурата поради стравувањата за нејзината улога во програмата на агенцијата за распити.

XS
SM
MD
LG