Достапни линкови

Заев: Шаќири може да помогне ако се појават радикални групи


Премиерот Зоран Заев, по денешното рочиште за случајот „Поткуп“, на новинарско прашање, одговори дека го назначил за надворешен советник Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа, бидејќи тој би можел да помогне ако се појават екстремистички групи.

„Тој може многу да помогне доколку се појават одредени екстремистички или радикални групи на територијата каде што живее, каде што го познава теренот, а може да помогне и во граењето на концептот Едно општество за сите“, рече Заев.

На прашањето зошто Шаќири не е ангажиран во Полициската станица во Танушевци, туку е назначен како советник, рече дека ако човек со минато како него биде во Полициската станица во Танушевци тоа може да предизвика и непријатни случувања.

XS
SM
MD
LG