Достапни линкови

Обвинети 12 лица за смртта на малата Тамара


Основно јавно обвинителство Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти денеска дека е поднесено обвинение против 12 лица за несовесно работење во службата во случајот со лекувањето на Тамара Димовска.

За случајот, според соопштението, обвинети се петте члена на Првостепената и членовите на Второстепената комисија, кои го донеле односно го потврдиле негативното решение за лекување на Тамара во странство, како и двата тогашни директори на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗОМ.

Тамара почина чекајќи го решението од Фондот за здравство за да замине на операција во Турција. Таа боледуваше од сколиоза, односно потребно беше да и се направи операција на рбетот.

XS
SM
MD
LG