Достапни линкови

Пашинијан повика на масовни протести во Ереван


Ерменскиот опозициски лидер Никол Пашинијан на протестите во Ереван

Ерменскиот опозициски лидер Никол Пашинијан повика на масовни протести во Ереван пред утрешното гласање во Парламентот за неговото назначување за премиер на земјата. Според него, целата на протестите е да се предизвика притисок врз владејачката Републиканска партија за гласањето.

Пашинијан порача и дека неговите поддржувачи треба да бидат подготвени да започнат акти на ненасилна граѓанска непослушност, бидејќи нема целосна гаранција оти Републиканската партија ќе го исполни ветувањето дека ќе го избере него за премиер.

XS
SM
MD
LG