Достапни линкови

Невреме поплави улици и села во Скопје, од вечерва се очекува стабилизација


Архива: Невреме во Скојпје.

Од поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер денеска беа погодени повеќе делови во земјава. Поплавени се некои улици во главниот град Скопје, а медиумите пренесуваат дека се поплавени и објекти од некои скопски села, како Стајковци и Црешево од каде пристигнале дојави до Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Оттаму наведуваат дека противпожарни екипи се упатени за интервенција поради поплавени неколку куќи.

Управата за хидрометеролошки работи соопшти дека во кумановско подрачје имало појава на град со големина од два сантиметра.

Од УХМР соопштуваат дека во вечерните и во ноќните часови се очекува стабилизирање на временската состојба.

Според УХМР, утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.

XS
SM
MD
LG