Достапни линкови

Полицијата го блокираше Шешељ да одржи митинг во Хртковци


Хртковци: Членови на опозициската Либерално-демократска партија држат транспарент „Шешељ воен злосторник.“ 06.05.2018

Десетици полициајци денеска беа на влезот на селото Хртковци, северозападно од Белград, блокирајќи го лидерот на Српската радикална партија Војислав Шешељ и неговите поддржувачи таму да одржат митинг.

Судот на ОН за воени злосторства за поранешна Југославија минатиот месец го осуди Шешељ на 10 години затвор за говор во 1992 година во Хртковци, кој според судот, резултирал со депортација на десетици етнички Хрвати.

Шешељ, кој е пратеник во српскиот парламент останува на слобода, бидејќи ја има отслужено казната додека беше во притвор за време на судењето.

Радикалите кратко се собраа покрај полициските кордони веејќи српски знамиња.

Имаше и судир меѓу радикалите и членови на опозициската Либерално-демократска партија, кои држеа транспарент на кои пишуваше „Шешељ воен злосторник.“

„Сакавме да имаме мирен собир, а режимот го блокираше без никаква причина“, изјави Шешељ пред да се врати во Белград.

XS
SM
MD
LG