Достапни линкови

Средба на Иванов и Радев во Дојран


Архива: Прес-конференција во Скопје на претседателите на Бугарија и на Македонија, Румен Радев и Ѓорге Иванов.

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска во Ново Село беше пречекан од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој потоа замина за Дојран каде попладнево одржуваат работна средба.

Радев денеск присуствуваше на бугарските воени гробишта во Ново Село, каде беше одбележан „Денот на храброста и Денот на Бугарската Армија“, кои се слават на празникот Ѓурѓовден.

Исто така на чествувањето присуствуваа бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, претставници на Националната гарда на Бугарија, воени аташеа, амбасадори, поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан.

XS
SM
MD
LG