Достапни линкови

Кениецот Бивот победник на Скопскиот маратон


Скопски маратон. 06.05.2018

Еванс Кипкемои Бивот од Кенија е победник на годинашниов Виз Ер Скопски маратон со време од 2:14:08 часа. Втор заврши неговиот сонародник Џон Лангат, со време од 2.14.57. Трет беше Руто Кипротич од Кенија со 2.28.58.

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски беше победник во полумаратонската трка со резултат од 1 час, 9 минути и 10 секунди. Атанас Анчевски заврши втор со 1.14.44, а трет беше Милош Ранчиќ со 1.15.56.

Од жените во генералниот пласман првите три места ги заземаа Миљана Ристиќ со 1.29.15, Амела Трозиќ со 1.32.22 и Силвија Шимуновиќ со 1.35.06.

Трката на пет километри беше најмасовна со околу 7.000 учесници на која први беа Цветковски, Кристијан Стојани, Леонид Вандевски, а кај жените Греса Бакрачи, Марго Бојаџиева, Викторија Ѓорѓеска.

XS
SM
MD
LG