Достапни линкови

Рохани: САД ќе зажалат ако го напуштат нуклеарниот договор


Архива: Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека САД ќе жалат за напуштање на нуклеарниот договор од 2015 година и оти неговата земја има подготвено планови да одговори на било која одлука на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Имаме планови да се спротивставиме на било која одлука на Трамп во врска со нуклеарниот договор“, изјави денеска Рохани во говор во северозападен Иран кој беше пренесуван во живо на државната телевизија.

„Ако САД ја напуштат нуклеарната спогодба, наскоро ќе видите дека тоа ќе доведе до историско каење“, додаде Рохани.

Трамп се закани дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Иран, доколку европските сојузници до 12 мај не ги поправат „ужасните недостатоци.“

Договорот го обврзува Техеран на значителни иограничувања во неговата нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите, но Трамп вели дека условите не се доволно строги.

Германија, франција, Русија, Кина и Велика Британија исто така го потпишаа договорот и го повикаа Вашингтон да не се повлекува, велејќи дека тоа е најдобриот начин да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG