Достапни линкови

23 загинати при експлозија во рудник во Пакистан


23 рудари загинаа во балочистан. 06.05.2018

Дваесет и тројца рудари загинаа и единаесет се повредени во два одделни инциденти во два рудници за јаглен во југозападен Пакистан, соопштија официјални претставници.

Директорот на Управата за катастрофи Атаулах Кан денеска изјави дека се случила експлозија од гас во полињата со јаглен во провинцијата Балочистан, при што довела до колапс на рудникот затрупувајќи многу работници.

„Извлековме 11 тела“, рече Кан додавајќи дека пет други тела се уште се во рудникот.

Полињата со јаглен во Марвар се на околу 60 километри источно од главниот град на Балочистан, Квета.

XS
SM
MD
LG