Достапни линкови

Средба на Вучиќ и Ердоган во Турција


Архива: Александар Вучиќ - претседател на Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска замина на дводневна посета на Турција, каде ќе се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

За време на посетата ќе се одржи и првиот состанок на високиот совет за соработка меѓу Србија и Турција, јави Танјуг.

Вучиќ најави дека фокусот на посетата ќе биде засилуање на трговската соработка меѓу Србија и Турција, а Турција најавила учество во големи инфраструктурни проекти, како што е изградбата на автопатот меѓу Сараево и Белград.

По посетата на Турција, Вучиќ ќе биде гостин на рускиот претседател Владимир Путин на 9 мајската парада на победата над фашизмот во Москва.

XS
SM
MD
LG