Достапни линкови

Невреме на Балканот, загина девојче од гром во Босна


Илустрација.

Невреме со дожд, ветер и грометивици зафати делови на Балканот вчера и денеска, при што во близината на босанскиот град Прњавор загина 11 годишно девојче од удар на гром.

Несреќата се случила вчера вечер, во месноста Отпочиваљка, каде што живеело девојчето, јави весникот Аваз.

Невреме го зафати и турскиот главен град Анкара, при што шест лица беа повредени кога пороен дожд предизвика поплави кои носеа паркирани возила. Десетици куќи и канцеларии беа поплавени од дождот.

Во српскиот главен град Белград денеска 15 минути паѓал град со големина на лешник, а метеролозите очекуваат дека ќе останат високите температури, а бурата и грмотевиците ќе се насочат кон западните делови на Србија

XS
SM
MD
LG