Достапни линкови

Заев: Партиите размислуваат за влез во Владата


Архива: Премиерот на Македонија Зоран Заев.

Реконструкцијата на Владата е дојдена до фаза на размислување од понудите помеѓу партиите со кои разговаравме, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Викендот ќе се искористи веројатно од сите партии со коишто разговарав, и кај нас, исто така во СДСМ, но и во коалицијата да размислуваме. Ако отприлка кажеме да, мислам дека ќе бидеме веќе готови со одлуката за Влада, мислам на министри и заменици, а после тоа ќе продолжиме да разговараме за директори, заменици директори и слично, рече Заев.

Тој исто така рече дека одржал координација со парламентарната група и оти таа не го прифаќа Димитар Богов како кандидат за гувернер на Народната банка на Македонија, предлог на претседателот Ѓорге Иванов.

Тој истакна дека побарал средба со претседателот и се надева дека таа ќе се случи бргу за да може да усогласат став затоа што до крајот на месецов треба да се избере гувернер.

„Ова е сериозна институција, јас верувам дека по пат на кохабитацијата и дијалогот којшто го имаме ќе изнајдеме решение. Правото е апсолутно на претседателот да предложи, но правото е и на парламентарното мнозинство да избере гувернер“, изјави Заев.

XS
SM
MD
LG