Достапни линкови

Могерини: Претстојниот самит во Софија ќе биде многу важен


Eвропската претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

Претстојниот самит на Европската унија и земјите од Западниот Балкан во Софија ќе биде исклучително важен, изјави денеска европската претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

Таа истакна дека средбата ќе биде показател оти ЕУ и нејзините партнери од Западен Балкан не споделуваат само географска област туку и заеднички цели.

„Целиот регион има европска ориентација. Гледаме колку е Западниот Балкан блиску поврзан со Европа и сметам дека во интерес на западниот Балкан, но и на целата ЕУ, е да работиме врз база на доверба и тие да имаат надеж за европска перспектива“, изјави Могерини на денешната неформална средба на министрите за одбрана на ЕУ која ја организираше бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Самитот меѓу ЕУ и балканските земји ќе се одржи на 15 мај во Софија.

XS
SM
MD
LG