Достапни линкови

Уапсен Навални на протестите против Путин во Москва


Руската полиција го уапси лидерот на опозицијата Алексеј Навални за време на протестите против Путин во Москва. 05.05.2018

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше уапсен од страна на полицијата, кратко по неговото пристигнување на протестите против претседателот Владимир Путин во центарот на Москва.

Полицијата уапси и други демонстранти, додека некои беа претепани од страна на поддржувачи на Путин.

На снимките може да се забележи како полицијата го отстранува Навални од плоштадот носејќи го за раце и нозе.

Под слоганот „Тој не е нашиот цар“, во пресрет на инаугурацијата на Путин за четврти претседателски мандат, Навални ги повика неговите поддржувачи денеска да излезат на улиците на протест како што вели Навални, против авторитарното владеење.

Протести се одржаа во повеќе од 90 градови низ Русија, вклучително Москва и Санкт Петерсбург.

Околу 200 демонстранти досега се уапсени од полицијата, повеќето во Сибир и рускиот Далечен исток.

XS
SM
MD
LG