Достапни линкови

Борисов: За мир е потребна соработка со Западен Балкан


Архива: Бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Она што го правиме во Западен Балкан е за мир, но за да постои мир мора да имаме силни вооружени сили и да соработуваме со земјите од Западен Балкан, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ во Софија.

Тој оцени дека нема подобро место да се зборува за мир отколку во соба со министри за одбрана и за таа цел ја побара нивната поддршка.

„Бидејќи никој подобро од вас не ги познава воените опасности, опасноста од војна на Балканот и кога со вашите влади дискутирате на таа тема, ве молам да не ја потценуваме, изјави Борисов.

XS
SM
MD
LG