Достапни линкови

Талибанците заземаа стратешка област во северен Авганистан


Архива: Талибански знамиња во провинцијата Кундус. 04.04.2018

Талибанците заземаа уште една област во северната провинција Бадакшан, соопштија официјални претставници на Авганистан.

Во областа Кохистанат, Талибанците денеска извршија изнененадувачки напад, на патот кон провинцискиот главен град Фајс Абад.

Членот на провинцискиот совет Абдула Наџи Назари денеска рече дека нема извештаи за жртви за време на еднодневниот напад, додавајќи оти заземаната област е трета под контрола на Талибанците во провинцијата која има околу дваесет.

Портпаролот на Армијата Мохамед Аниф Резаи во близина на провинцијата Балх рече дека засилувања пристигнале во Фајс Абад и оти чекаат наредба за напад против Талибанците поради лошите временски услови.

Минатиот месец Талибанците го објавија почетокот на нивната пролетна офанзива.

XS
SM
MD
LG