Достапни линкови

Заев: Очекувам брзо решение на прашањето за името


Архива: Премиерот на Македонија Зоран Заев.

Штом двете страни стигнаа до оваа фаза покажуваат сериозност кон проблемот и очекувам дека ќе има брзо решение, изјави денеска во Дојран премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја вчерашната средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Солун.

„Доста граѓаните веќе не критикуваат време е да не пофалат“, рече Заев кој присуствуваше во акција на чистење на Дојран во пресрет на туристичката сезона

XS
SM
MD
LG