Достапни линкови

КФОР: Војска на Косово единствено преку уставни измени


КФОР.

Трансформирањето на Безбедносните сили во војска на Косово треба да се направи единствено преку уставни, а не законски измени, изјави висок претставник на КФОР, додавајќи дека за да се стигне до војска потребна е согласност и од немнозинските етнички заедници, пренесуваат весникот „Зери.“

Весникот пренесува дека според официјалните претставници на КФОР дури и кога се одлучува за трансформација на безбедносните сили, не значи дека косовската војска веднаш ќе биде подготвена, туку дека за тоа потребни се години.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај вчера најави дека се пред постигнување политички консензус околу прашањето за војската.

XS
SM
MD
LG