Достапни линкови

Загина Авганистанец во тепачка меѓу мигранти во Грција


Илустративна фотографија: мигранти во Грција.

Во тепачка меѓу две групи мигранти, во близина на пристаништето во грчкиот град Патра, загинал 20-годишен Авганистанец. Причините за инцидентот засега се непознати, а според грчките медиуми, полицијата веќе привела 11 лица.

Според информациите во медиумите во Грција, доцна синоќа, група од околу 70 мигранти, од објектот на една поранешна фабрика се упатиле кон објектот на друга поранешна фабрика каде што во тој момент имало околу 20 мигранти.

Во еден момент започнала тепачка со камења меѓу двете групи, а во пределот на главата бил повреден младиот Авганистанец. Тој бил пренесен во болница, но набрзо им подлегнал на повредите. Грчката полиција работи на расветлување на случајот.

XS
SM
MD
LG