Достапни линкови

Времето денеска - нестабилно со пороен дожд и грмежи


Илустрација: Улица Македонија за време на дожд.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15 степени, а дневната од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува шест.

Во Скопје променливо облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 12 до 29 степени.

XS
SM
MD
LG