Достапни линкови

Шекеринска: Фокус врз домашните реформи


вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска

„Врз база на сегашните и претходните средби што сум ги имала одговорно тврдам дека потезите што ги направи Македонија не само во поглед на преговорите за името, во поглед на аеродрoмот и автопатот, покажаа дека, од вселената Македонија е заинтересирана за решение“. Ова го изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за Телма, наведувајќи дека во целиот процес Македонија кај меѓународната заедница е доживеана како зрела, одговорна и концентирана држава. Според неа, за интеграциите на Македонија во НАТО и во ЕУ постои подготвеност да помогнат и САД и други пријателки членки. Таа исто така порача дека Македонија во секој случај мора да продолжи со домашните реформи и доколку годинава не биде примена во НАТО.

XS
SM
MD
LG