Достапни линкови

Протести на Лезбос за поддршка на мигрантите


Архивска фотографија- мигранти пристигнуваат на островот Лезбос

Околу 500 жители на грчкиот остров Лезбос протестираа против мигрантската политика на Европската унија, а многу од демонстрантите носеа црни знамиња. Полицијата го заобиколи главното пристаниште, а специјални сили ги спречија да се доближат до политичарите од Атина кои беа во посета на островот. Протестите речиси го парализираа островот кој се противи на договорот меѓу Европската унија и Турција. Според договорот мигрантите кои стигнуваат од Турција се соочуваат со депортација во земјата ако не успеат да добијат азил во Грција.

XS
SM
MD
LG