Достапни линкови

Рахој: За злосторствата на ЕТА не може да има амнестија


Архивска фотографија-премиерот на Шпанија Маријано Рахој

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска ја отфрли најавата на баскиското сепаратистичко движење ЕТА дека се распушта, опишувајќи го потегот како пропаганда и „празни муабети“. Претходно ЕТА соопшти дека се распушта по повеќе децениски терористички акции. Групата е одговорна за убиство на најмалку 800 луѓе од нејзиното формирање во 1959 година кога ја најави и борбата за отцепување. Во 2011 година организацијата најави дека се откажува од насилната борба, а од лани го предаде оружјето. Рахој денеска рече и дека за злосторствата што ги направила ЕТА не може да има амнестија.


XS
SM
MD
LG