Достапни линкови

Синдикатот на „Еурокомпозит“ постигна договор со Владата


Вработени во прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ штрајкуваат во јуни, минатата година

Синдикатот на „Еурокомпозит“ денеска го прекина штрајкот и протестот пред Владата по постигнатиот договор со премиерот Зоран Заев. Претседателот на синдикатот, Роберт Богданоски изјави дека договорено е за три месеци да се решава судбината на фабриката, да се подготви пакет за технолошки вишок и вработените да земат плата до понеделник.

Тој предупредува доколку не им биде исплатена платата повторно ќе излезат на протести. Вработените го продолжуваат производствениот процес на „Еурокомпозит“.

XS
SM
MD
LG