Достапни линкови

Американски конгресмени со писмо до Столтенберг за влез на Македонија во НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Обединетата македонска дијаспора соопшти дека единаесет конгресмени, предводени од конгресменот Џим Бенкс од Индијана, испратиле писмо до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со барање за покана за полноправно членство на Македонија во НАТО. Во писмото тие наведуваатдека тоа е клучно за американските интереси на Балканот, како и за Алијансата.

„За една мултикултурна нација каква што е Македонија, веруваме дека пред себе има светла иднина, врз кој основ се стремиме кон ангажирање на владините институции и македонскиот народ во реализација на своите потенцијали. Ние веруваме дека е време за Македонија да се приклучи кон членството на НАТО“, се посочува во писмото.

Тие истакнуваат и дека се охрабрени од надежта на напредокот во разговорите за спорот за името под покровителство на ОН, како и од подготвеноста на македонските и грчките лидери да ги унапредат своите односи.

XS
SM
MD
LG