Достапни линкови

Манчевски: Слободни и независни медиуми за демократско општество


Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски по повод 3 Мај, Меѓународниот ден на слободата на печатот порача дека слободни, безбедни, независни и одговорни медиуми се основа за развој на едно демократско општество.

Според него, медиумите се важна алка за градење на развиена држава, за социјален и економски напредок и одржлив развој. Тој порача и дека јавноста мора да биде постојана контрола на власта.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во воведното обраќање на неформалниот брифинг со претставниците на медиумите изјави дека слободата на известувањето претставува еден од темелните, можеби и најважен сегмент, на кој почива изградбата на едно современо демократско општество.

XS
SM
MD
LG