Достапни линкови

„Кембриџ аналитика“ се затвора


„Кембриџ аналитика“, Лондон

Британската интернет аналитичка компанија „Кембриџ аналитика“, фирмата која се најде во центарот на скандалот поради злоупотребата на личните податоци на корисниците на Фејсбук во политички кампањи, соопшти дека ќе прогласи банкрот. Компанијата е обвинета дека ги злоупотребила личните податоци на скоро 87 милиони корисници на Фејсбук и ги споделила со нејзините политички клиенти и консултантски фирми. „Кембриџ аналитика“ соопшти дека по скандалот ги загубила сите клиенти и затоа мора да прогласи банкрот.

XS
SM
MD
LG