Достапни линкови

Усвоен новиот Закон за високо образование


Седница на македонското Собрание, илустрација

Собранието на денешната 45. седница ги донесе Законот за високото образование. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев рече дека нема да гласаат за Законот за високото образование бидејќи не бил прифатен ниеден од амандманите што ги поднеле. Законот предвидува посебно тело за евалуација на квалитетот на високото образование и посебно тело за акредитација.

На седницата беа донесени и измените и дополнувањата на законите за судовите, за Судскиот совет, за оружјето и за безбедност на сообраќајот на патиштата.

XS
SM
MD
LG