Достапни линкови

Коѕијас: Грција нема да биде виновна ако нема договор за името


Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за телевизијата Скај изјави дека правилно направиле што го отвориле прашањето за ерга омнес, но и да не постои договор, тие нема да бидат виновни, а тоа го знае и вселената.

Според него, преговорите одеале и одат добро, но треба и веќе е прашање на другата страна „дали ќе прифати ерга омнес, а тоа е смела одлука“. Тој посочува дека за да биде вистинско ерга омнес треба да се имплементира и во внатрешноста на земјата, а не да биде само за надворешна употреба. Коѕијас порачува дека решението треба да биде стабилно, долготрајно и да решава, наместо да создава проблеми.

Во однос на членството на Македонија во НАТО, запрашан за тоа дали е можна една „привремена интеграција“ одговара негативно, објаснувајќи дека тоа може да создаде проблем и притисоци врз Грција. Тој уште еднаш повторува дека времето е многу кратко за постигнување договор до јулскиот самит на НАТО.

XS
SM
MD
LG