Достапни линкови

Матис: Го поздравувам отпорот на Македонија кон злонамерното руско влијание на Балканот


Американскиот државен секретар за одбрана Џејмс Матис

Морам да го поздравам отпорот на Македонија кон злонамерното руско влијание на Балканот и вашиот пример за континуирано лидерство во регионот.

Ова, според објавата на Американската амбасада во Македонија на нејзиниот официјален профил на Твитер, ѝ го рекол американскиот државен секретар за одбрана Џејмс Матис на министерката Радмила Шекеринска, за време на нивната средба во Пентагон.

Претходно, од македонското Министерство за одбрана информираа дека на средбата Матис порачал и дека „САД ги ценат чекорите кои Македонија ги презема кон НАТО и не сакаат да ја видат државата запрена пред вратите на Алијансата. Македонија и САД имаат цврсто стратешко партнерство“.

XS
SM
MD
LG