Достапни линкови

Заев: Деновиве сакам да завршам со реконструкцијата на Владата


Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по седницата на Економско-социјалниот совет, потврди дека вчера имал средба со двете крила на БЕСА и ДПА предводена од Мендух Тачи и дека сака овие денови да заврши со реконструкцијата на Владата.

„Сите се со очекување на предлозите кои произлегуваат од мене, како премиер. Согласно тоа, потоа ќе се изјаснат и политичките партии. Ако успееме да ги номинираме самите предлози за преземање на одговорноста во одредени ресори, јавни институции и слично, на политичките партии ќе им требаат неколку денови да донесат одлуки на свои органи и тела. Се надевам дека ако не со сите партии, со дел од партиите ќе успееме. Немаме опструкции од никој“, изјави премиерот Заев.

XS
SM
MD
LG