Достапни линкови

Шекеринска - Матис: Не сакаме Македонија да запре пред вратата на НАТО


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска

САД ги ценат чекорите кои Македонија ги презема кон НАТО и не сакаат да ја видат државата запрена пред вратите на Алијансата. Македонија и САД имаат цврсто стратешко партнерство.

Ова, според соопштението на македонското Министерство за одбрана, било кажано на официјалната средба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во Пентагон.

Бевте убедлива и Вашите зборови за предизвиците со кои се соочува Западот доминираа во дискусијата, силно потсетувајќи не на нашата одговорност да ги одбраниме демократските вредности, рекол Матис.

XS
SM
MD
LG