Достапни линкови

Два бомбашки напади во Нигерија, над 35 мртви


Во два самоубиствени напади во џамија и на пазар во градот Муби, североисточна Нигерија загинале најмалку 37 луѓе, објавија новинските агенции, повикувајќи се на информации од локалните власти.

„Пренесовме десетици убиени и повредени во болница, а спасувачката операција продолжува. Се уште е тешко да се утврди точниот број на жртви, бидејќи се уште ги евакуираме. Тука е хаос“, изјави спасувачот Хабу Салех.

Според очевидци млад маж, кој на себе имал експлозив, влегол во џамијата заедно со верниците и ја детонирал бомбата. Вториот бомбаш самоубиец го активирал експлозивот на пазар, во близина на џамијата, во момент кога луѓето бегале од храмот.

Се претпоставува дека нападот е извршен од припадници на екстремистичката група Боко Харам.

XS
SM
MD
LG