Достапни линкови

Стејт департмент: Албанија му се врати на перењето пари


Албанија се врати на „перење пари“ и е земја каде се забележува раст на трговија со дрога и економскиот криминал, заклучува американскиот Стејт департмент во извештајот за 2017 година. Во извештајот се наведува и „голема корупција и слаби институции“.

Како главни извори на „валканите пари“ се споменуваат недозволената трговија со дрога, даночното затајување, криумчарењето и трговија со луѓе.

Изградбата, посебно во крајбрежните области, деловните проекти и коцкањето, се најпопуларните методи за перење пари во Албанија, се констатира во извештајот на Стејт департментот, кој ја советува официјална Тирана да ја засили борбата против корупцијата и да го засили одземањето на незаконски стекнатиот имот.

XS
SM
MD
LG