Достапни линкови

Дачиќ до Пленковиќ: Ние не бевме на страната на Хитлер


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, реагирајќи на денешната изјава на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека не е добро да се употребува зборот војна, изјави дека тој вчера зборувал за „дипломатска војна која Хрватска ја предизвикува“.

Пленковиќ, осврнувајќи се на вчерашната изјава на Дачиќ дека „доколку Хрватска посакува дипломатска војна, тоа и ќе го добие“, наведе дека користењето на зборот „војна“ не е добро и дека Србија и Хрватска не се исти, бидејќи никој во Загреб не дава такви изјави како српскиот министер за одбрана Александар Вулин, нуту пак некој го оскрнавил српското знаме во хрватскиот Сабор.

На изјавата на Пленковиќ, веднаш реагираше шефот на српската дипломатија Дачиќ и рече: „Точно оти не сме еднакви, бидејќи ние не бевме на страната на Хитлер, не извршивме Холокауст, не ги принудувавме Хрватите да носат обележја какви што мораа да носат Србите и Евреите за време на Втората светска војна. Не сме исти, бидејќи ова што го прави Хрватска е чиста будалаштина“.

XS
SM
MD
LG